Петре Шилегов поранешен пратеник на СДСМ и градоначалник на Скопје од СДСМ побара оставка од претседателот на СДСМ Венко Филипче, по вчерашниот избор на новотото раководство на СДСМ.
Шилегов на социјалните мрежи најпрво иронично го прозва Филипче дека направил “саумоубиство со умисла”, а потоа се дообјасни дека бара оставка од Филипче.
“Македонското законодавство познава убиство од небрижност. Познава и убиство со умисла, но не познава (само) убиство со умисла !!!!
Или тешка Ви е одговорноста ?
Или Ви тежи договорот ?
Или си СДСМ или си тезгарош,” напиша Шилегов за потоа да се дообјасни по повиците кои вели ги добил
“Бидејќи можеби многумина не разбраа, ДА! Барам оставка на “претседателот” на СДСМ”,напиша Шилегов на фејсбук.
Попладнево оставка од претседател на ООна СДСМ во Крива Паланка поднесе и градоначалникот Сашко Митевски кој еден од малкуте кој победи на изборите.
Во оставката на Митовски адресирана до Филипче и генералниот секретат Димитријевиќ пишува дека е неотповиклива и дека водејќи се од вредностите кои СДСМ ги застапува е најкоректниот чин од него. Ова е втора оставка по изборот на новото раководство.
Денеска од претседател на ОО Битола се повлече и Методија Куновски кој што беше и кандидат за градоначалник на Битола.







