Шест крави од Македонија ја преминале границата и влегле во Бугарија кај селото Ѓуешево. Животните биле заловени и сместени во привремен објект, додека надлежните служби го разгледуваат случајот.
За нивната судбина ќе одлучува заедничка комисија од бугарски и македонски институции. Засега нема официјална потврда од македонските власти.
Не е познато дали кравите се поврзани со говедата што прават проблеми во Крива Паланка. Случајот отвора прашања поради строгите европски здравствени прописи. Постои неизвесност дали животните ќе бидат вратени назад во земјата.








