-1.2 C
Skopje
20 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаШест активни пожари низ Македонија – четири под контрола

Шест активни пожари низ Македонија – четири под контрола

- Advertisement -spot_img

Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека моментално се активни шест пожари на различни локации низ државата, од кои четири се ставени под контрола.

Активни се пожарите меѓу селата Добри Дол и Врапчиште во општина Врапчиште, кај селото Копаница во општина Сарај, кај селото Магленце во општина Старо Нагоричане, како и во велешко – во близина на фабриката „Киро Ќучук“ и крај Тиквешкото Езеро. Во битолско, пак, гори кај месноста викана Ергела.

Под контрола се пожарите на планината Кожуф во општина Гевгелија, кај селата Мерово и Церово во општина Желино, како и во ловиштето „Јасен“.

Според ЦУК, до 18 часот на територијата на Македонија биле регистрирани вкупно 18 пожари, од кои осум се целосно изгаснати.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img