HomeШоубизШАКИРА ГО ЗАОБИКОЛИ КАМЕРМАНОТ КОЈ ПАДНА ПРЕД НЕА: Видеото ја подели јавноста

ШАКИРА ГО ЗАОБИКОЛИ КАМЕРМАНОТ КОЈ ПАДНА ПРЕД НЕА: Видеото ја подели јавноста

- Advertisement -spot_img

Видео од Шакира како заобиколува снимател кој паѓа пред неа за време на настап стана вирално и предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.

На снимката се гледа како камерман ја следи пејачката додека таа се движи низ публиката, но во еден момент се сопнува од опремата и паѓа. Шакира го заобиколува и продолжува кон сцената, без да го прекине настапот.

Видеото веднаш предизвика поделени реакции. Дел од корисниците ја критикуваа пејачката, тврдејќи дека не покажала емпатија.

– Снимателот падна, а таа не покажа ни најмала намера да му помогне – гласи еден од коментарите, додека друг додава дека станува збор за „целосен недостаток на сочувство“.

Сепак, многумина застанаа во нејзина одбрана, нагласувајќи дека настапите се одвиваат според строго утврден распоред и дека во екипата имало други луѓе кои можеле да му помогнат.

– Да застанеше, ќе ја нарушеше кореографијата и текот на настапот“, коментира еден обожавател, додавајќи дека станува збор за изведба во живо која не остава простор за импровизации.

Инцидентот доаѓа само неколку месеци откако и самата Шакира доживеа незгоден пад на сцена.

За време на настап во Сан Салвадор во февруари, додека го изведувала својот хит „Si Te Vas“, пејачката го извртела зглобот и паднала на страна, при што повлекла и сталак со микрофон.

И покрај непријатната ситуација, таа брзо се исправила и продолжила со настапот, покажувајќи професионалност, додека бендот продолжил да свири, а гитаристот ја бодрел.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img