домаМакедонијаСета медицинска документација и фискални сметки за постапка за надомест на штета...

Сета медицинска документација и фискални сметки за постапка за надомест на штета – правни механизми пред гостиварци кои може да поднесат и приговори за јунските фактури за вода

- Advertisement -spot_img

Сите граѓани кои имале здравствени проблеми или почувствувале тегоби, треба да поседуваат медицинска документација, извештаи, извршени анализи, отпусни писма, како и да ги чуваат фискалните смеки за паричните издатоци кои што ги имале во однос на терапија за лекување, со цел да можат да ги користат во евентуалната постапка за надомест на штета, рече Андријана Марковска од македонското Здружение на млади правници, во денешното Телма интервју на ТВ Телма, со контекст на гостиварци и проблемот со загадената вода за пиење во градот.

Според неа, постојат повеќе законски механизми за заштита на правата на граѓаните кои што може да ги користат.

„Еден од механизмите е да се обратат до канцеларијата на Народниот правобранител доколку сметаат дека им е повредено правото за здрава вода за пиење, правото на здравствена заштита или поради постапување или непостапување на институциите. Тоа може да го направат телефонски, писмено, преку електронска пошта и да одат во подрачната канцеларија на Народниот правобранител во Тетово. Друг правен механизам е барањето за вонреден инспекциски надзор, меѓутоа од јавните соопштенија, овој механизам веќе е спроведен од надлежните институции, па доколку се утврди пропуст при спроведениот инспекциски надзор, ќе може да се поведе иницијатива за прекршочна постапка против одговорното лице пред надлежниот Инспекторат“, посочи Марковска.

Таа истакна дека гостиварци може да поднесат и приговор, доколку јавното претпријатие им достави фактури за снабдување со вода за пиење за периодот во кој водата не била безбедна за пиење, бидејќи тоа право не им било обезбедено како што налагаат законските стандарди. Приговорите, потенцира Марковска, треба да се поднесат во рок од 15 дена од приемот на фактурата, но тоа не значи дека автоматски се ослободени од обврската за плаќање.

„Ако не им се прифатат приговорите до комуналното претпријатие, ќе може да покренат и управен спор пред Управниот суд“, додаде Марковска.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img