домаХроникаСЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО ВО МАКЕДОНИЈА НЕМА КРАЈ: Мајки, татковци, сопруги и зетовци пријавувале...

СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО ВО МАКЕДОНИЈА НЕМА КРАЈ: Мајки, татковци, сопруги и зетовци пријавувале физички напади!

- Advertisement -spot_img

Низа случаи на семејно насилство и физички напади се евидентирани во повеќе градови во земјава во изминатите денови. Во полицискиот билтен се наведуваат случаи од гостиварскиот регион, Кичево, Струмица и Скопје, во кои како жртви се појавуваат членови на најтесното семејство.

Од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар е поднесена кривична пријава против 34-годишен жител на гостиварско поради сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“.

Според пријавеното, на 31 јули годинава, во семејниот дом, тој физички ја нападнал својата мајка. По нападот, од нејзината чанта зел пари и клучеви од возило.

Во уште еден случај од гостиварскиот регион, против 52-годишен маж е поднесена кривична пријава поради сомнение за телесна повреда. На 2 август, во семејниот дом, тој физички го нападнал својот татко.

Инцидент во Кичево со остар предмет

Сериозен случај е регистриран и во Кичево.

На 16 август околу 16:50 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода 27-годишен жител на градот, откако било пријавено дека физички го нападнал својот 27-годишен зет за сестра.

Според пријавата, тој истовремено му се заканувал и со остар предмет. Предметот бил пронајден од полицијата, а лицето било задржано во полициска станица.

По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Маж ја нападнал сопругата во струмичко село

На 16 август околу 20:40 часот, полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода 65-годишен жител на струмичко село.

Според пријавеното, тој во семејниот дом агресивно се однесувал кон својата 64-годишна сопруга, по што физички ја нападнал.

Мажот бил задржан во Полициската станица Струмица, а за случајот бил известен и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосното документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Жена пријавила дека син ѝ се заканувал

Уште еден случај е пријавен во Гостивар.

На 16 август во 22:45 часот, 52-годишна жена од Гостивар во полиција пријавила дека нејзиниот син В.Д., со кого не живеат во исто домаќинство, во текот на денот телефонски ѝ упатувал закани.

Жената во пријавата навела и дека во минатото неколкупати била физички нападната од него.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и утврдување на сите околности.

Нападната и 41-годишна жена во Чаир

Во Скопје, пак, на подрачјето на Чаир, полицијата го лишила од слобода 36-годишниот Д.П. од Скопје.

Случајот бил пријавен претходно, а според пријавата, тој физички ја нападнал својата 41-годишна партнерка.

Полициските службеници постапиле по пријавата на 16 август во 17:15 часот, а по целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Сите овие случаи се во различни постапки, а полицијата и обвинителството продолжуваат со нивно расчистување и документирање.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img