Вистинска семејна драма се случила во Велес, откако 36-годишен маж бил приведен по пријава дека агресивно се однесувал кон своите родители и предизвикал неред во семејниот дом.
Според информациите од полицијата, на 15 август околу 16 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Н.Н. (36) од Велес.
Претходно било пријавено дека тој во семејниот дом се однесувал агресивно кон своите родители, а ситуацијата дополнително ескалирала кога дел од инвентарот од куќата го изнел во дворот.
Таму, според пријавата, Н.Н. го запалил инвентарот, по што избувнал пожар.
За среќа, неговиот татко успеал навреме да го изгасне пожарот, па во инцидентот нема повредени лица.
36-годишникот бил приведен и задржан во полициска станица, а за случајот бил известен и јавен обвинител.
Од полицијата информираат дека по целосното документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.






