домаМакедонијаСела: Не сум заинтересиран за власт, партиите треба да се излечат од...

Села: Не сум заинтересиран за власт, партиите треба да се излечат од оваа болест

- Advertisement -spot_img

Претседателот на Лига на Албанците, Зијадин Села, негира дека средбата со актуелниот премиер на Косово, Албин Курти, имал за цел каков било обид за негово вклучување во Владата на Македонија преку коалицијата ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ.

Во изјава за ТВ21, Села рече дека средбата се одржала по покана на Курти и дека тој не е заинтересиран да биде дел од Владата.

„Во овој момент не вреди да станеме дел од Владата“, изјави Села, додавајќи дека политичките партии во Македонија треба да „се излечат од болеста на власта“ и да работат во интерес на граѓаните.

Села исто така изјави дека за време на средбата разговарале и за Законот за правична и соодветна застапеност, за кој упати критики, оценувајќи дека не гарантира етнички квоти за Албанците. Тој додаде дека на Курти му ги доставил и актуелниот закон и предлогот на Лига на Албанците, за да може да ги спореди.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img