Со Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници се поставуваат темели на систем кој ќе биде транспарентен, ефикасен и чесен, истакна министерот за јавна администрација, Минчев. Воспоставување на Академија за јавна администрација предвидено е да биде на 1 ноември 2027 година…
Секој нововработен јавен службеник ќе помине обука и ќе полага стручен испит. Со Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници се поставуваат темели на систем кој ќе биде транспарентен, ефикасен и чесен, систем што ќе се потпира на професионалци, во кој ќе се напредува со знаење, а не со врски, истакна министерот за јавна администрација, Минчев.
Модернизацијата на администрацијата е клучна, не само за европската интеграција, туку и за граѓаните, рече францускиот амбасадор во земјава.
Францускиот амбасадор потенцираше дека довербата во администрацијата е темел на довербата во демократијата.
Воспоставувањето на Академијата за јавна администрација предвидено е да биде на 1 ноември 2027 година.









