Македонската фудбалска репрезентација во јунскиот репрезентативец прозорец има закажано две пријателски средби. Против селекцијата на Босна на 29 мај, односно против Турција на 1 јуни. Двата дуела се играат на гостински терен, поточно во Сараево односно Истанбул.
По тој повод, утре, со почеток од 12:00 часот на официјална прес конференција, селекторот Гоце Седлоски ќе го објави списокот на репрезентативци на кои ќе смета за овие два дуела, а кои што секако ќе треба да го понесат и товарот на мечевите од Лигата на Нации која што започнува наесен.
За Седлоски ова ќе е втор собир, по оној кој што го имаше за бараж дуелот против Данска, а потоа и за дуелот против Ирска. Тој најави дека овојпат ќе има подмладување, односно ќе повика репрезентативци кои досега или имале мала минутажа, или пак ќе бидат дебитанти, за да се увери во нивниот репрезентативен капацитет.








