Пожар кој настанал на сува трева, зафатил дел од куќа на еден сосед и ограда и помошна просторија на друг.
„На 11.09.2025 во 09:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на 10.09.2025 околу 16:30 часот на ул.„Љубинка Басотова“ во Скопје била опожарена сува трева, а од пожарот се зафатени дел од куќа, сопственост на Б.Т.(57) од Скопје и ограда и помошна просторија сопственост на С.С.(62) од Скопје, се наведува во полицискиот билтен.
Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат од соседите и Бригадата за противпожарна заштита Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.







