Семејството упати итен апел до сите граѓани за помош во пронаоѓањето на нивен роднина по име Љупчо Стојановски, кој е исчезнат веќе четири дена.
Според информациите објавени од неговото семејство, тој последен пат бил виден во скопската населба Ново Лисиче, објави 4news.mk
Семејството загрижено бара поддршка од јавноста и апелира секој што има каква било информација, без оглед колку се чини безначајна, веднаш да се јави за да помогне во неговото побрзо пронаоѓање.
Контакт телефон за информации: 073 717 090
Се апелира апелот масовно да се споделува на социјалните мрежи со цел информацијата да стигне до што поголем број луѓе.






