HomeСпортСе разгоре битката за титулата – Вардар и Шкендија израмнети, сега и...

Се разгоре битката за титулата – Вардар и Шкендија израмнети, сега и Струга фати приклучок, тренерска промена во Пелистер

- Advertisement -spot_img

ФОТО: ФК Работнички

Се разговарува битката за титулата во Првата лига, Вардар и Шкендија израмнети на врвот со по 58 бодови, а сега и Струга Трим Лум фати приклучок во борбата за титулата, бидејќи стружани имаат минус пет бодови од водечките две екипи.

Шкендија со минимални 0:1 славеше над Македонија ЃП, а пак Вардар загуби во Гостивар од Арсими со 1:0, а Струга со 0:2 го доби Пелистер и му пресуди на тренерот Милан Стојаноски, кој си поднесе оставка, а на негово место веднаш клубот го назначи Марјан Секуловски, кој е проверено име и кој и во минатото го водел Пелистер, а сега ја имаше функцијата координатор во младинските категории во битолскиот тим.

Силекс влезе во резултатска криза откако загуби и од Работнички со 2:0, но тимот од Кратово и натаму е на четвртото место со 40 бодови, но веќе Тиквеш стигна и има минус четири бода од Силекс, откако кавадарчани со 6:1 ја торпедирааа Брера Струмица.

Таман се мислеше дека Шкупи ќе стигне до прва сезонска победа откако на вчерашниот меч во Куманово со 2:0 водеше против Башкими и имаше и играч повеќе, тоа не се покажа како доволно, Башкими со три брзи гола ги постави конечни 2:3.

Сега Башкими е шести со 35 бодови и со Тиквеш делуваат сигурно во борбата за директен опстанок, а пак Арсими изби на седмото место со 29 бодови.

Брера Струмица заврши во бараж зоната со 28 бодови, а со 23 бодови на деветтото место е Македонија ЃП. Во зоната за директено испаѓање со по 22 бодови на десеттото место се израмнија Пелистер и Работнички, а на дното е Шкупи со еден бод и тимот од Чаир е единствен во Европа што нема триумф и веќе станува дека од следната сезона ќе игра во Втора лига.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img