Иницијативата „Стоп за Усје“ денеска најави протест и блокада на крстосницата кај Цементарницата од каде ќе бараат независен мониторинг и институционална реакција против загадувањето.
Од Стоп за Усје велат дека граѓаните се со недоверба кон мерењата на фабриката и пасивноста на државата, и се со барање за 24-часовен мониторинг и автоматски стоп при надминување на граничните вредности.
Цементарница Усје, дел од Титан групација, тврди дека работи според законските прописи, со А-интегрирана еколошка дозвола и современи филтри, и дека индустријата има помало влијание на воздухот од сообраќајот и домаќинствата.
Вториот протест е најавен за 18 часот на крстосницата „Борис Трајковски“ – „Србија“.








