Уапсен е од страна на полицијата, откако утринава се појавил на граничниот премин „Блаце“, поранешниот вицепремиер Артан Груби осомничен за неколку кривични дела. МВР соопшти дека Груби е приведен и предаден на натмошно постапување.
-Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин ‘Блаце’, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од Кривичниот законик – соопштија од МВР.
Артан Груби е поранешен прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците од редовите на ДУИ. Во декември 2024 година беше ставен на т.н. „црна листа“ на САД поради вмешаност во значителна корупција.
Тој ја напушти земјава пред повеќе од година дена и оттогаш не се знаеше каде престојува. (Б.Ѓ.)








