домаРегионСе обновува традицијата на младинските работни акции, во Нови Пазар ќе се...

Се обновува традицијата на младинските работни акции, во Нови Пазар ќе се соберат 150 учесници од ек-ју републиките и од Турција

- Advertisement -spot_img

На Рибариќкото Езеро, од 26 до 30 јули, ќе се одржи Младинската работна акција „Нови Пазар 2026“, која ќе собере околу 150 учесници од поранешните југословенски републики, како и млади од Турција, од збратимените општини Бајрампаша и Пендик. Во акцијата учествува и бригадата „Македонија“, во чии рамки петнаесеттина учесници се од градот Велес.

Вчера е одржан настанот со кој свечено е отворена Младинската работна акција, а целта на акцијата е уредување на брегот и создавање подобри услови за рекреација, риболов и престој на граѓаните покрај езерото.

Во текот на петте работни дена, учесниците ќе распоредат околу 400 кубни метри сепариран чакал долж приближно 600 метри од брегот на Пазарската плажа. Во продолжение на работите ќе биде уредена и риболовната патека, која ќе биде насипана со дробен камен во должина од околу 600 метри и ширина од три метри.

Организаторите истакнуваат дека целта на акцијата е брегот на Рибариќкото Езеро да биде почист, поуреден и попристапен за сите посетители – капачи, риболовци и спортисти.

Собирот на учесниците е предвиден на Пазарската плажа, а работите ќе се изведуваат секој ден од 8:00 до 14:00 часот. Организаторите ги повикуваат граѓаните на Нови Пазар, Тутин, Зубин Поток, Косовска Митровица и сите љубители на природата да се приклучат на акцијата и со своето учество да придонесат за уредувањето на езерото.

Младинската работна акција претставува продолжение на традицијата на заедничко волонтирање и промовирање на солидарноста, испраќајќи порака дека со заедничка работа може да се придонесе за зачувување на природата и унапредување на просторот што го користат сите граѓани.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img