Премиерот Христијан Мицкоски порача дека нема да има Уставни измени без гаранции. „Ќе чекаме, ако не ние, ќе го пренесеме тоа на оние што нас ќе нè следат. Ако и тие не успеат, и оние што нив ќе ги следат“, дециден е премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски во врска со условите за почеток на преговорите за Македонија да стане членка на ЕУ.
– „Сите во светот треба да знаат, и македонските граѓани, дека таа работа без ВМРО-ДПМНЕ не иде и дека таа работа без ВМРО-ДПМНЕ не бидува. А ВМРО-ДПМНЕ нема да влезе во каква било авантура сè додека нема јасен крај, како прво. И второ, сè додека не бидат гарантирани човековите права на македонската заедница кај нашиот источен сосед. Нема да се поместиме нити милиметар“, рече Христијан Мицкоски во изјавата дадена од Гази Баба денеска.








