СДСМ побара Владата да ги објави официјалните анализи врз основа на кои е донесена одлуката водата во Гостивар да може да се користи како техничка.
Од партијата наведуваат дека јавноста не добила увид во резултатите од анализите, туку дека министерот за внатрешни работи Панче Тошковски се повикал на потврда од експерти.
Според СДСМ, надлежните институции треба јавно да одговорат врз основа на кои параметри е утврдено дека водата може да се користи за технички потреби и дали е безбедна за лична хигиена, особено за деца, постари лица и други ранливи категории.
Партијата смета дека по ова прашање треба да се произнесат Институтот за јавно здравје и надлежните здравствени институции, а не Министерството за внатрешни работи.
„Нека Тошковски и Владата го објават официјалниот документ со анализите на водата, кој го потпишал и која институција стои зад оваа одлука. Граѓаните имаат право да знаат“, се наведува во соопштението на СДСМ.






