Тимчо Муцунски води тајни разговори за иднината на Македонија, реагираат социјалдемократите. Не постои земја во светот во која министер за надворешни работи јавно кажува дека води разговори за судбината на државата – но тие се тајна, велат од опозицијата и прашуваат како може иднината на Македонија да биде тајна за нејзините граѓани?
Посочуваат дека претходната влада на СДСМ, покрај дипломатските успеси (НАТО и почеток на преговорите со ЕУ), била транспарентна, и не работеле зад затворени врати.






