домаМакедонијаСДСМ: Колку ги чинеше граѓаните прославата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во Струмица?

СДСМ: Колку ги чинеше граѓаните прославата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во Струмица?

- Advertisement -spot_img

Колку ги платија граѓаните за прославата на Мицкоски и ВМРО во Струмица – прашуваат од опозицискиот СДСМ по вчерашниот настан на кој владејачката ВМРО-ДПМНЕ ја одбележа 36-годишнината од основањето на партијата.

Во соопштението испратено до медиумите, опозиционерите обвинуваат дека додека граѓаните се мачат да врзат крај со крај, а цените незапирливо растат, владејачката партија со народни пари ја слави, како што велат, безидејноста на своето владеење и изолацијата од Европската Унија.

„Колку ги чинеше граѓаните на Македонија прославата на Мицкоски и ВМРО во Струмица? 300 000 евра? 500 000 евра? Или многу повеќе? Превоз со автобуси, списоци од вработени по јавна администрација од цела Македонија, дневници? Колку ги чинеше тоа граѓаните? Како да го донеле Дејвид Гета? Колку платија граѓаните за Мицкоски да ги слави неуспесите и извештајот на Европскиот парламент за изолацијата на Македонија?“, прашуваат од СДСМ.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img