Социјалдемократскиот сојуз денеска ќе го одржи 31. Конгрес. Пред најавениот Конгрес не стивнаа превирањата во опозициската партија.
Првиот човек на сдсм, Венко Филипче смета дека поранешни членови на партијата и функционери одработувале за власта и наместо да се занимаваат со, како што рече, лошите политики на актуелната влада, тие пак и натаму се занимаваат со СДСМ.
Од друга страна, поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов побара Филипче да си поднесе оставка, а со отворена критика излезе и поранешниот директор на ТИРЗ, Јован Деспотовски, кој оцени дека актуелното раководство на СДСМ е единствено одговорно за незадоволството меѓу членовите на партијата.









