домаТехнологијаSamsung го закажа следниот Galaxy Unpacked настан за 22 јули во Лондон

Samsung го закажа следниот Galaxy Unpacked настан за 22 јули во Лондон

- Advertisement -spot_img

Фото: Samsung

Samsung официјално го потврди датумот за својот редовен втор голем настан за годината. Следниот Galaxy Unpacked ќе се одржи на 22 јули 2026 година во Лондон. 

Како што соопштуваат од компанијата, настанот ќе биде насочен кон прикажување на најновите додатоци во нивното Galaxy портфолио кои ја дефинираат категоријата на производи на преклоп.

https://smartportal.mk/wp-content/banners/makpetrol/goriva/index.html

Јасно е дека не се работи за некоја тајна, а летото обично е времето кога Samsung ги претставува новите Galaxy Z Fold и Galaxy Z Flip уреди, заедно со слушалки и часовници. 

Под мотото дека се отвора нова форма, фокусот на настанот ќе биде ставен на спојувањето на интелигентните можности со иновативните форми на дизајн. Следната генерација уреди е развиена со цел да понуди повеќе лични и прилагодливи кориснички искуства, со што се очекува да се постават нови стандарди во ерата на вештачката интелигенција. 

Оваа година се очекува дека ќе бидат претставени три модели на преклоп, односно стандардно очекуваните Galaxy Z Flip8 и Fold8, како и новиот додаток, Galaxy Z Fold8 Ultra. 

Се верува дека Samsung ќе го следи Apple, иако iPhone на преклоп сѐ уште е неофицијален, па нивниот главен уред на преклоп ќе добие понизок и поширок формат, додека новиот UItra модел се очекува дека ќе буде тука за корисниците кои би сакале да го користат досега стандардниот формат од изминатите години. 

Самиот настан ќе се пренесува во живо со почеток во 15:00 часот по македонско време. Сите новитети ќе можат да се следат директно на официјалната страница на Samsung, на нивната медиумска страна, како и на официјалниот YouTube канал на компанијата.

Samsung стандардно нуди поволности за корисниците кои порано ќе се регистрираат за новите уреди, а со тоа ќе добијат и одредени попусти. За сите информации поврзани со можноста и придобивките од регистрацијата, можете да ја посетите страната на Samsung.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img