домаСветСамитот на НАТО под притисок на Трамп – светската политичка елита во...

Самитот на НАТО под притисок на Трамп – светската политичка елита во Анкара

- Advertisement -spot_img

Лидерите на НАТО на самит во Анкара..Во услови кога САД го засилуваат притисокот за зголемување на воените трошоци, земјите членки на алијансата , во турската престолнина ќе се обидат да ги усогласат ставовите..Самитот, чиј домаќин е турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, ќе ги стави на тест неколку-месечните напори на генералниот секретар на НАТО и на европските лидери да го подобрат односот со Доналд Трамп, кој постојано ги критикува сојузниците за преголемо потпирање врз воените капацитети на САД и за одбивањето да ја поддржат војната против Иран …

Марк Руте – Генерален секретар на НАТО

„ Пред една година, во Хаг, сојузниците се обврзаа значително да ги зголемат инвестициите во одбраната — на 5% од БДП до 2035 година — и веќе постигнуваме извонреден напредок. Ова се способности што навистина се „создадени во НАТО“, не од една држава, туку од повеќе држави кои работат заедно… Така го правиме нашиот сојуз посилен. Така ги штитиме нашите 1 милијарда луѓе и секој сантиметар од нашата територија, сега и во иднина. “

Одбранбените трошоци не се единствениот проблем со кој треба да се справат сојузниците во НАТО, особено откога американскиот претседател неодамна се закани дека ќе ги повлече американските војници од Европа.. Делегацијата од САД ја предводи Доналд Трамп кој заедно со првите луѓе од владата, ќе биде дел од самитот..

Метју Витекер – амбасадор на САД во НАТО

„Соединетите Американски Држави сакаат силни и способни сојузници. Тоа е се што бараме. Мислам дека претседателот Трамп ќе дојде со многу јасна порака: се договоривме за издвојување од 5% од БДП за одбраната, САД предводат со личен пример и очекуваме нашите сојузници да го следат тоа темпо. Има сојузници кои веќе се на исто ниво со нас, но има и такви кои заостануваат, и мора да се погрижиме и тие да ја исполнат својата обврска.“

Зголемените трошоци за одбрана го оптоваруваат буџетoт на неколку земји членки а дел од државите велат дека не планираат да го исполнат барањето…Од Шпанија порачуваат дека обврската за трошење 5% од БДП за одбрана , силно ќе се одрази врз државата..Германскиот министер за надворешни работи пак тврди дека одбранбениот буџет на земјата расте , но не онолку колку што бара Доналд Трамп..

Дел од дводневниот самит во Анкара ќе биде и Македонија.. Делегацијата ја предводи претседателката Гордана Силјановска Давкова а присутни ќе бидат и министрите за одбрана и за надворешни работи Владо Мисајловски и Тимчо Муцунски, како и началник на генералштабот , Сашко Лафчиски..

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img