домаМакедонијаСали: Во рок од една недела се очекува решение за правосудниот испит...

Сали: Во рок од една недела се очекува решение за правосудниот испит на албански јазик

- Advertisement -spot_img

Владата се очекува во рок од една недела да го промовира решението правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик, најави Беким Сали.

Сали изјави дека институциите се во завршна фаза на консултации со експерти и дека наскоро ќе биде претставена конечната одлука.

„Сме во завршна фаза на консултации со експерти и верувам дека многу скоро, можеби… сега не сакам да се фаќате за временската рамка, можеби и една недела може да трае до конечната одлука која ќе ја промовираме на ист начин“, изјави Сали.

Тој додаде дека не станува збор само за правосудниот испит, туку дека Владата работи и на поширок пакет за решавање на други слични прашања.

Најавата доаѓа во период кога темата за полагање на правосудниот испит на албански јазик е актуелна во јавноста, а студентите и дел од политичките партии бараат еднаков пристап и можност за полагање на мајчин јазик.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img