3.8 C
Skopje
3 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаСали во Брисел на средба со директорот за проширување на ЕУ, Јан...

Сали во Брисел на средба со директорот за проширување на ЕУ, Јан Купман

- Advertisement -spot_img

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари официјална средба во Брисел со генералниот директор за проширување на Европската Унија, Герт Јан Купман.

На средбата се разговараше за спроведувањето на Реформската агенда и Планот за раст, постигнатиот напредок во областа на дигитализацијата, како и за клучните реформи во рамки на процесот на европска интеграција. Притоа беа истакнати конкретните придобивки за граѓаните и бизнис-заедницата, меѓу кои пристапувањето кон Единствената европска платежна област (SEPA) и унапредувањето на дигиталните иницијативи, вклучително и проектот WiFi4WB.

Соговорниците разменија мислења и за третото барање за ослободување на средства во рамки на Реформската агенда, за текот на спроведувањето на реформските патокази, како и за актуелните предизвици поврзани со Системот за влез/излез и трговските политики на Европската Унија.

Во тој контекст беше нагласена важноста на континуираната соработка и ефикасната меѓуинституционална координација за успешно остварување на заедничките цели.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img