HomeМакедонијаСалата на УКИМ која чинеше 2,5 милиони евра и никогаш не проработе...

Салата на УКИМ која чинеше 2,5 милиони евра и никогаш не проработе – сега ќе се реновира за уште 900.000

- Advertisement -spot_img

Спортската сала на УКИМ, во која државата вложи околу 2,5 милиони евра, денес претставува напуштен и разурнат објект – симбол на долгогодишно институционално занемарување. Иако беше изградена уште во 2017 година со цел студентите од кампусот кај Правниот, Економскиот и Филолошкиот факултет да добијат современ простор за спорт и настава по физичко образование, салата никогаш не беше ставена во употреба.

За само неколку години, новиот објект прерасна во целосно руинирана структура: скршени прозорци, оштетени трибини, уништена спортска подлога и простории претворени во импровизирано депониште. Наместо да биде најголемиот студентски спортски ресурс во државата, салата стана „мртва точка“ во срцето на кампусот, за која со години никој не презеде одговорност.

Според Министерството за спорт, конечно започната процедура за „оживување“ на универзитетската спортска сала. Оттаму велат дека тендерската постапка за избор на изведувач е веќе во тек, а планот е таа да заврши до крајот на годинава. Веднаш по изборот на изведувачот, во законски предвидениот рок, треба да започне и комплетната реконструкција на објектот.

„Министерството за спорт веќе ја почна постапката за реконструкција на салата во кампусот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“. До крајот на годината треба да заврши тенедерска постапка за избор на изведувач, а откако ќе биде направен изборот во законски предвидениот рок, ќе почне комплетната реконструкција на салата. Ова е еден од приоритетните проекти во програмата на Министерството за спорт за изградба и реконструкција на спортската инфраструктура. Овој објект е од особено значење и за образовниот процес и за развој на спортот, бидејќи во оваа сала над 4.000 студенти ќе може да ги реализираат часовите по физичко образование и спорт и да спортуваат.“ велат од ресорното Министерство.

Во државниот буџет за 2026 година веќе се предвидени средства за проектот. За реконструкција на салата на УКИМ се алоцирани 54 милиони денари, со вклучен ДДВ. Со оваа инвестиција е планирана целосна санација на просторот кој, како што признава Министерството, во изминатата деценија бил оставен да пропаѓа.

„За реконструкција на спортската сала во кампусот на УКИМ предвидени се 54 милиони денари со вклучен ДДВ. Со оваа инвестиција ќе биде извршена целосна реконструкција на салта која во изминативе десетина години е запуштена и претворена во руина. Реконструкцијата опфаќа поставување на нов под, средување на трибинскиот простор, соблекувалните и машинските инсталации (технички системи за греење, ладење, вентилација, водовод, одвод и друга механика неопходна за нормално и безбедно функционирање на објектот).“ додадоа од таму.

Реконструкцијата ќе опфати поставување целосно нов спортски под, обновување на трибините, соблекувалните, како и комплетна реконструкција на машинските инсталации – системи за греење, ладење, вентилација, водовод, одвод и друга неопходна механика за безбедно функционирање на објектот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img