Во меч од 2.коло во групата Б на АКН, во големото дерби Египет со 1:0 славеше против Ј.Африка и со тоа се пласира во следната фаза на ова натпреварување. Стрелец на победничкиот гол беше Мохамед Салах и тоа пенал во 45.минута, откако претходно и самиот изнуди удар од белата точка за неговата селекција.
И веднаш да кажеме дека во судиското продолжение од првиот дел, Египет остана со играч помалку откако Хани доби директен црвен картон.
Во второто полувреме селекцијата на Ј.Африка ја имаше сета иницитива, многу шанси, но сепак резултатот останат тој 1:0 за Египет.
Судиското продолжение донесе и контроверзна одлука на судиите и покрај тоа што можеа преку ВАР подобро да проверат дека играч на Египет играше со рака во својот казнет простор, целата ситуација беше гледано барем пет минути и беше одлучено дека не треба да има пенал, одлука која беше изненадување на сите на стадионот во Агадир.
sportmedia.mk







