2.8 C
Skopje
31 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeРегионСАД ги суспендираа преговорите од стратешкиот дијалог со Косово

САД ги суспендираа преговорите од стратешкиот дијалог со Косово

- Advertisement -spot_img

Соединетите Американски Држави го суспендираа на неодредено време стратешкиот дијалог со Косово, поради загриженост во врска со дејствијата на Владата во техничкиот мандат, која ги зголеми тензиите и нестабилноста, со што ги ограничи можностите за продуктивна соработка меѓу двете страни по заедничките приоритети, соопшти американската амбасада во Приштина. 

Американска амбасада Приштина: „Остануваме посветени на промоцијата на заедничките интереси на САД и граѓаните на Косово. Нашиот однос со Косово се заснова на заедничката цел за зајакнување на мирот и стабилноста како основа за меѓусебен економски раст. За жал, неодамнешните дејствија и изјави на вршителот на должноста премиер Албин Курти претставуваат предизвици за напредокот постигнат во текот на многу години“.

Стратешкиот дијалог има за цел да ги зајакне економските и дипломатските врски во корист на американскиот и косовскиот народ. Се надеваме дека ќе продолжиме со вакви напори во иднина кога ќе биде соодветно. Знаеме дека ова е цел која народот на Косово ја дава како приоритет“, се вели во соопштението од американската амбасада во Приштина. Се огласи и вршителката на должноста амбасадор на САД во Косово, која изрази  разочарување од неодамнешните изјави на косовскиот премиер во техничкиот мандат, нагласувајќи дека ваквите постапки го поткопуваат политичкиот процес, ги ослабуваат институциите на Косово и ги влошуваат меѓуетничките тензии. Пред неколку дена, во обраќањето по седницата на Генералниот совет на Самоопределување, Курти го нарече Уставниот суд „политичка сенка на опозицијата“, незадоволен од одлуката на судот да воведе привремена мерка со која им се забранува на членовите на Собранието да преземаат дејствија и какви било процедури за формирање нова влада до 30 септември. 

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img