домаМакедонијаСѐ повеќе деца со скршеници од тротинети – ортопедите бараат забрана

Сѐ повеќе деца со скршеници од тротинети – ортопедите бараат забрана

- Advertisement -spot_img

Електричните тротинети сѐ почесто се причина за сериозни повреди кај децата, предупредуваат лекарите од Тетово, кои бараат нивната употреба од малолетници да биде ограничена или целосно забранета.

Според ортопедот Харис Караџенеми, бројот на деца кои завршуваат на ортопедските одделенија по падови од тротинети е во постојан пораст.

„Секоја недела имаме по четири до пет случаи на повреди кај деца. Дел од нив се случуваат во зоните на раст на коските и можат да остават трајни последици врз развојот на скелетниот систем“, предупреди Караџенеми, апелирајќи до родителите и институциите да преземат мерки за заштита на најмладите.

Поради зголемениот број инциденти, и Министерство за внатрешни работи преку СВР Тетово ги засили контролите во сообраќајот. Полицијата врши проверки на електрични тротинети и мотоцикли, со посебен акцент на почитувањето на сообраќајните правила.

Портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи, информираше дека само во последната акциска контрола биле евидентирани десет прекршоци, меѓу кои неносење кацига, несовесно управување и возење без соодветна категорија, при што биле конфискувани и неколку мотоцикли.

Според податоците на полицијата, во последните акции се изречени вкупно 71 санкција за различни сообраќајни прекршоци и кривични дела. Надлежните најавуваат дека контролите ќе продолжат со цел да се намали ризикот од несреќи и да се зголеми безбедноста на учесниците во сообраќајот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img