HomeМакедонијаСЈО било партиски штаб на СДС: Манасиевски открива како исчезнале милион евра...

СЈО било партиски штаб на СДС: Манасиевски открива како исчезнале милион евра за само 2,5 месеци и бара обвинителството да го истражи случајот

- Advertisement -spot_img

Поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), предводено од Катица Јанева, работело по директива на СДСМ и тогашниот партиски врв, наместо во служба на правдата, обвини денеска Валентин Манасиевски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.


Според Манасиевски, правдата не била цел, туку профитот, политичкиот прогон и воспоставувањето контрола врз државните институции и правосудството, во интерес на СДСМ, Зоран Заев и нивните најблиски соработници, меѓу кои ги наведе Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски и Венко Филипче.


„СЈО функционирало без елементарна законска процедура“
Манасиевски се повика на сведочењата на поранешната обвинителка во СЈО, Лејла Кадриу, според кои во СЈО: обвиненија биле доставувани на ливчиња, без архивирање
не се воделе записници, што овозможувало секој во секое време да донесе или измени документ, поранешни функционери и советници директно влијаеле врз тоа кој ќе биде гонет, а кој ќе биде изземен од истраги.


Тој тврди дека СЈО било претворено во партиски штаб на СДС, а Јанева, како што рече, била фокусирана главно на медиумско профилирање, додека вистинската контрола ја имале други лица во позадина.


Милион евра за 2,5 месеци – каде завршиле парите?
Особено загрижувачки, според Манасиевски, е финансиското работење на СЈО во последните 2,5 месеци од 2015 година, кога, како што наведува, биле потрошени речиси еден милион евра од државниот буџет.


Тој посочи дека: обвинителите земале плати од околу 4.000 евра месечно, дополнително се трошеле над 2.000 евра месечно по лице за репрезентација (кафе, бадеми, лешници)
постои сомнеж за нејасни бонуси, додатоци и високи кирии.


Манасиевски најави дека утре ќе објави нови сведоштва, а од Обвинителството побара итно да отвори истрага за трошењето на парите, односно: каде завршил милионот евра
кој ги одобрил трошоците, кој остварил лична корист.
„Јавноста има право да ја знае вистината за тоа како функционирало СЈО и како се трошеле народните пари“, порача Манасиевски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img