-7.2 C
Skopje
1 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeСветРусија обвинува за дронски напад врз цивили во Херсон: најмалку 24 загинати...

Русија обвинува за дронски напад врз цивили во Херсон: најмалку 24 загинати во новогодишната ноќ

- Advertisement -spot_img

Москва тврди дека украинските сили однапред планирале напад со дронови врз цивилна зона во Херсонската област, по синоќешниот удар врз кафуле и хотел во градот Хорли, каде што млади лица ја славеле Новата година. Според руските власти, во нападот загинале најмалку 24 лица, а повеќе од 50 се повредени и хоспитализирани.

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека дроновите намерно го погодиле местото каде што се собирале цивили за време на празничната прослава, оценувајќи го нападот како терористички чин. Во соопштението се наведува дека меѓу повредените има шест малолетници, а едно дете го загубило животот.

По инцидентот, заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, изјави дека ќе следи жесток одговор од руската армија, најавувајќи немилосрдна одмазда за, како што рече, нападите врз цивилното население.

Гувернерот на Херсонската област, Владимир Салдо, информира дека 2 и 3 јануари се прогласени за денови на жалост, додека Рускиот истражен комитет соопшти дека е покрената кривична истрага за терористички напад.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img