Премиерот во оставка Росен Жељазков престојуваше во Брисел, каде што учествуваше на годишната средба ЕУ – Западен Балкан.
„Нашата позиција отсекогаш била принципиелна – немаме нерешени прашања со Република Северна Македонија, не водиме никакви спорови со РСМ по прашања поврзани со таканаречениот компромис од јули 2022 година, бидејќи тоа веќе претставува заедничка европска позиција“, изјави Росен Жељазков.
Тој посочи дека позицијата на Бугарија како земја членка е секоја држава кандидат за членство во Европската Унија, врз основа на сопствените заслуги, да биде оценувана за својот напредок, а не од поединечна земја членка.
„Оценката за напредокот за отворање на Кластер 1, кој е поврзан со преговарачката рамка, покажува одредено двоумење од страна на колегите во Скопје, но тоа не е прашање за кое ние даваме свое мислење или став“, изјави бугарскиот премиер во оставка.








