HomeМакедонијаРодителите поделени дали може да се ограничат социјалните мрежи

Родителите поделени дали може да се ограничат социјалните мрежи

- Advertisement -spot_img

Дали децата и тинејџерите, кои секојдневно поминуваат часови на интернет и социјалните мрежи, би можеле лесно да се откажат или барем да го ограничат нивното користење? Граѓаните се поделени, но повеќето се скептични и помалку оптимистични дека ваква одлука лесно би се спровела кај сегашната генерација.

Велат дека интернетот е длабоко навлезен во секоја пора на општеството и дека ќе биде потребно време за создавање нови навики кај децата.

Деца што се по цел ден на интернет сега да ги одвикнеш, според мене е многу тешко, вели граѓанин. Друг, пак, е пооптимистичен. Во многу земји веќе се работи по ова прашање. Така што поддржувам и уверен сум дека може да се ограничи“, вели жител на Струмица.

Дел од граѓаните, пак, се уште позагрижени за негативните влијанија од прекумерната употреба на екрани, особено кај најмладата популација. Тие сметаат дека за тинејџерите се потребни строги ограничувања, а за малите деца – целосна забрана за изложување на екрани.

Јас сум за, и не само за поголемите, особено да се поведе сметка за малите деца на кои им се даваат екрани во рацете за да бидат мирни и со тоа се прави голема штета, додава друга граѓанка.

И психологот и психотерапевт Мирјана Јовановска-Стојановска ја поддржува онлајн петицијата за регулирање на дигиталниот простор за децата. Таа смета дека користењето на социјални мрежи треба целосно да се забрани за деца до 14 години, а строго да се регулира до 16-годишна возраст.

Според неа, на почетокот е можен отпор кај генерациите кои веќе се активни на социјалните мрежи, но со соодветна едукација и објаснување може да се најде одржливо решение.

Ние можеме да им дадеме контролирани можности – да комуницираат, да се видат, да се договараат за нешто, да си разменуваат видеа. Како ќе ги навикнеме, така и ќе живеат, смета јовановска-стојановска.

Иницијативата со вакви барање не е излолирана. Слични дебати за ограничување и регулирање на онлајн просторот за децата веќе се отвораат и на ниво на Европската Унија.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img