РКЕ и ДПИ потпишаа меморандум за побрзо постапување по предметите од енергетиката. Двете институции ќе разменуваат информации за неправилности и ќе преземаат мерки против компании кои не ги исполнуваат условите.
Најавени се засилени контроли и построги санкции за трговците со нафтени деривати и енергенси.









