И министри и кандидати за градоначалници – откако актуелниот министер за животна средина Изет Меџити како и министерот за социјална политика, Фатмир Лимани најавија дека ќе се кандидираат на претстојните локални избори – од владата велат дека тие ќе продолжат да си ги извршуваат и министерските функции се додека не добијат мандат за градоначалници..
ВЛАДА
– Се додека било кој не биде избран на избори, тој е активен вршител на должноста и функцијата која ја има. Дополнително сите именувани лица имаат свои заменици како не би имало застој или неизвршување на обврските.
На ист став се и од партијата на Меџити и Лимани од каде велат дека сите министри ќе ги извршуваат своите владини обврски согласно законските надлежности се додека не добијат мандат на локалните избори.
Вреди
– По завршувањето на локалните избори и формалното добивање на мандат од страна на министрите кои ќе бидат избрани за градоначалници, ќе се отвори потребата за реформирање и прераспределба во Владата, во тесна координација со коалициските партнери. До тој момент, сите министри ќе ги извршуваат своите владини обврски согласно законските надлежности.
Сепак во минатото јавноста беше често пати сведок кога министрите ги користеа државните ресурси за партиски цели во изборен период…..
Поранешната антиркорупционерка Билјана Ивановска вели дека приоритет треба да им биде функцијата за која се платени и за која добиле мандат од граѓаните, а потоа партиските активности.. Дополнително вели Комисијата за спречување корупција треба будно да ги следи евентуалните злоупотреби.калните избори треба да бидат распишани во првата половина на август……









