HomeМакедонијаРеакција на ДУИ по одлуката за откажување на сегментот Требениште–Ќафасан од Коридорот...

Реакција на ДУИ по одлуката за откажување на сегментот Требениште–Ќафасан од Коридорот 8

- Advertisement -spot_img

Демократската унија за интеграција (ДУИ) остро реагираше на одлуката за откажување на сегментот Требениште–Ќафасан од Коридорот 8, оценувајќи ја како штетен чекор за стратешките интереси на државата.

Во својата реакција, ДУИ нагласува дека станува збор за клучен сегмент кој ја поврзува Северна Македонија со Албанија, и дека неговото поништување претставува директен удар врз регионалната поврзаност и економскиот развој.

Според партијата, претходните предупредувања за ризикот од прекин на овој проект биле негирани од страна на владините претставници, кои ги оцениле како невистинити.

„И официјално беше поништен Коридорот 8, сегментот Требениште–Ќафасан, кој ја поврзува Северна Македонија со Албанија. Пред еден месец кога го покренавме ова прашање, рекоа дека е лага. Денес вистината излезе на виделина. Уште еден поништен проект, уште едно ускратено право од оваа влада. Едно им ветуваме – ќе сносите одговорност!“, се наведува во реакцијата на ДУИ.

Во меѓувреме, претходно заменик-министерката Kaltrina Zekolli Shaqiri изјави дека трасата на овој коридор ќе продолжи кон Албанија, и покрај евентуалните измени на спорниот сегмент.

„Сакам јасно да истакнам дека поврзувањето на автопатот Струга – Ќафасан ќе се реализира. Во моментов се избира најсоодветниот модел, во координација со UNESCO, со цел овој проект да не биде попречен и да биде во согласност со меѓународните стандарди. Исто така, Министерството за транспорт е при крај со работите за реконструкција и проширување на граничниот премин Ќафасан, што јасно го покажува нашето залагање за целосно и функционално поврзување на овој автопат. Инфраструктурното поврзување со Република Албанија е стратешки приоритет и ќе се реализира по секоја цена, без оглед на конечната техничка варијанта што ќе биде избрана за овој сегмент“, изјави таа.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img