Земјотрес од 7,4 степени по Рихтер го погоди северниот дел од Молучкото Море покрај брегот на Индонезија. Предизвикана е материјална штета, има жртви, се пребарува под урнатините. Издадено е и предупредување за цунами, објави Американскиот геолошки завод. По главниот земјотрес следеа десетици последователни потреси.
Иако некои земји во регионот, вклучително и Јапонија, ја следат ситуацијата, не се издадени сериозни предупредувања, а објавени се само мали промени во нивото на морето.








