Од први февруари нема повеќе толеранција во сообраќајот. Брзо возење, поминување на црвено, нерегистрирано возило или непрописно паркирање – сè ќе биде евидентирано и казнето. Со новиот закон за прекршоци, „Сејф сити“ станува реалност, а камерите во Скопје, Куманово, Тетово и на коридорите 8 и 10 автоматски ќе ги санкционираат сите прекршители.
Во продолжение на оваа тема следува разговорот со професорот Никола Крстановски.








