3.8 C
Skopje
1 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаРадосен почеток на 2026 во Битола: Градоначалникот Коњановски ги поздрави првите новороденчиња

Радосен почеток на 2026 во Битола: Градоначалникот Коњановски ги поздрави првите новороденчиња

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, претпладнево ја посети Клиничката болница во Битола, по повод првиот ден од Новата 2026 година, за да ги поздрави новородените бебиња и нивните мајки. Оваа година, болницата ја дочека првородената женска Бистра и машкото бебе Петар, чии мајки се битолчанки и прворотки.

„Битола доби два нови жители, две малечки души. Првото е женско Бистра, се надевам дека ќе ни ја избистри годината, ќе ни донесе радост и среќа, а второто е Петар. Им посакавме среќа, убавини во животот и уште многу дечиња“, рече Коњановски.

Пригодни подароци и финансиска помош им беа доделени од општината и приватни фирми. Двете бебиња се во добра здравствена состојба, со родилни маси од 3300 и 3460 грама, а директорката на болницата, Ненси Лозанче, истакна дека првороденото женско дете е знак на бериќет за целата година.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img