Работнички е шестиот тим кој ќе игра во завршницатата или 1/4 финалето во Купот на Македонија „Благоја Георгиевски – Буштур“, откако вечерва во СРЦ Кале успеа да го победи Тиквеш со 92:73. Кога ќе се види резултатот и убедливата победа некој ќе си помисли дека домашните лесно дојдоа до победата, но никако не беше така.
Кавадарчани пружија силен отпор се до таа последна или четврта четвртина. На пауза Тиквеш замина со +3, после третата четвртина имавме резултатски егал, но тогаш во таа последна четвртина Работнички одигра квалитетно, нападот и одбраната функционираа и на крајот овој период го доби со 29:10 или со +19.
Токму затоа до победата на прв поглед лесно беше извојувана.
Алстон и Рикиќ кај победничкиот состав постигнаа по 20 поени, кај гостите Андерсон запиша 22 поени.
Утре се играат последните осминафинални мечеви и тоа Маџари – Гоствар и Чаир – Феникс, победниците одат во четвртфиналето или завршница на ова натпреварување.







