Вечерва околу 20 часот во скопската населба Влае пукна една од главните водоводни цевки со пречник од 600 милиметри, предизвикувајќи голема поплава на неколку улици и сериозни проблеми во водоснабдувањето на поширокиот дел од градот. Според првичните информации, дефектот се случил на улицата Франце Прешерн, во близина на бројот 100Д.
Поплавата зафати дел од дворовите и подрумите на околните куќи, а на социјалните мрежи се појавија снимки од надојдена вода.
Поради дефектот, со целосен прекин на водоснабдувањето се погодени делови од Влае, Козле, Карпош 3 и 4, како и населбата Злокуќани. Останатиот дел од градот е со значително намален притисок, информираат од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“.
„Ве известуваме дека на ден 05.10.2025 г. поради сериозен дефект на водоводна цевка Ф600мм.на улица Франце Прешерн 100Д во н.Влае со прекинато водоснабдување ќе биде голем дел од гадот а останатот дел од градот ке биде со намален притисок.Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.„ стои во соопштението на ЈП „Водовод и канализација“.









