домаРегионПрофесорка од прилепското СОУ „Орде Чопела“ прогласена за „Наставник на годината“

Професорка од прилепското СОУ „Орде Чопела“ прогласена за „Наставник на годината“

- Advertisement -spot_img

Големо признание за прилепското средно училиште СОУ „Орде Чопела“ и за професорката д-р Мирјана Стојческа Ѓорѓиоска, која на Националниот натпревар на ученички компании во организација на Џуниор Ачивмент Македонија беше прогласена за „Наставник на годината“.

Ова значајно признание претставува потврда за нејзината долгогодишна посветеност, креативност и несебична поддршка кон учениците, кои преку нејзиното менторство добиваат поттик за иновативно размислување и развој на претприемачки идеи.

Од училиштето посочуваат дека трудот, ентузијазмот и континуираната поддршка што професорката им ја дава на учениците биле препознаени и наградени на национално ниво, а признанието „Наставник на годината“ претставува голема чест и за самото училиште.

„Честитки за ова значајно признание и благодарност за инспирацијата што секојдневно им ја пренесува на учениците. Горди сме што ваков наставник е дел од нашето училиште“, велат од СОУ „Орде Чопела“.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img