6.8 C
Skopje
30 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeКолумниПроф. Пандаровски: Кој и зошто го доведе до ова дереџе Охрид и...

Проф. Пандаровски: Кој и зошто го доведе до ова дереџе Охрид и Езерово наше

- Advertisement -spot_img

Став на Трајче Талевски Пандаровски Универзитетски професор и научен советник, PhD по биологија.

Вчера “Комисијата на УНЕСКО” предложи “Регионот Охрид” (поделен помеѓу Македонија и Албанија) да се стави на “листата на загрозени светски наследства” поради сериозното влошување на неговиот културен и природен потенцијал. Клучните причини за оваа одлука се поради:

– антропогени притисоци (човечка дејност)

– недостатоци во управувањето од страна на државата и локалните власти и

– “еколошки закани”

1. Човечки притисоци кои го уништуваат Охрид

Главните закани доаѓаат од:

– Неконтролирана градба– Нелегални објекти и инфраструктура ги оштетуваат историските и природни предели.

– Загадување на Охридското Езеро – Неконтролирано испуштање на отпадни води, земјоделски отпади и туристичко загадување ја влошуваат водата и загрозуваат ендемски видови.

– Масовен туризам и прекумерен риболов– Неконтролораниот туризам го оптоварува езерото, а преголемиот риболов ги намалува локалните рибни видови па и оние ендемичните и светски заштитените кои науката од светот ги ставил на црвена листа како критички загрозени.

– Несоодветни архитектонски интервенции– Лажни „историски“ објекти кои го нарушуваат автентичниот изглед на Охрид.

2. Пропусти на владата и локалните власти

УНЕСКО ја критикува Македонија за:

– Слаба примена на законите– Постоечките правила (на пр. “Законот за заштита на Охридскиот регион”) кои не се спроведуваат правилно.

– Бавен одговор на препораките на УНЕСКО – Претходните влади (2017–2024) не презеле доволно мерки, што довело до „неповратна штета“.

– Лоша инфраструктура за отпадни води – Градската канализација (колектор) не може правилно да ја заврши улогата со преголемиот број на туристи. Таму ништо не се менува а новина е само нов директор и по некој вработен “штабар”

– Политички напади наместо решенија– Сегашната влада ја обвинува претходната за проблемите, а таа, тие пред неа, и така во круг две три децении и ако сите заедно немаат покажано конкретни подобрувања.

3. Проблеми со Албанија (Поградец)

И албанската страна има слични проблеми:

– Слаба соработка меѓу двете држави– Нема ефикасни заеднички планови за заштита на езерото.

– Неуредна градба и туризам– Поградец исто така придонесува за еколошкото влошување.

И што понатаму

Потребни се итни мерки (кои се превземаат како итни десетина години) бидејќи ако не се преземат брзи чекори, Охрид може да го изгуби статусот на светско наследство. Ќ

Изгледа дојден е ножот до коска и сега треба:

– Строго спроведување на законите за заштита

– Инвестиции во еколошки туризам и чисти технологии

– Подобра соработка со Албанија

– Повик на одговорност за корупција и непочитување на правилата.

Да почекаме да видиме што Министерот ќе стави како Амандман или оправдување на оваа и ваква Одлука.

Ако не, локалните се тука, за брзо за два три месеци. Кој ветил а не исполнил треба да си оди. А за наредниот кој треба да дојди во фотељата прстот на чело.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img