Во насока на зајакнување на стратешките процеси и идниот развој на Општина Чаир, градоначалникот денес објави дека тимот се проширува со нов економски и буџетски советник – проф. Бујамин Бела.
Професорот Бела е доктор на науки од областа на менаџментот на престижниот Истанбулски универзитет, каде што се истакнал како одличен студент и академски истражувач. Денес, со своето професионално искуство и длабоко знаење, тој ќе биде насочен кон унапредување на финансиските и развојните политики на општината.
,,Добредојде во победничкиот тим, професоре!“, порача градоначалникот, нагласувајќи дека експертизата на Бела ќе придонесе во обликување на иднината на Чаир и ќе обезбеди стратешки развој во интерес на граѓаните.







