домаМакедонијаПродолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

- Advertisement -spot_img

Со испитување на вештите лица од одбраната во Основниот кривичен суд во „Идризово“ денеска треба да продолжи судската расправа за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

На вчерашното рочиште вештото лице Викторија Будимовска-Секуловска изјави дека, според податоците со кои располагале, во периодот од 2012 до 2025 година во дискотеката не била извршена инспекциска контрола од инспектор за противпожарна заштита. Таа посочи и дека во објектот бил поставен само еден план за евакуација, а главната влезно-излезна врата не ги исполнувала условите за противпожарна врата.

Во судницата исказ даде и вештото лице Маријана Лазаревска, која оцени дека сунѓерестата облога во објектот придонела за брзото ширење на пожарот нагласувајќи дека објектите треба да бидат проектирани така што ќе обезбедат безбедност и во услови на пожар.

Со распитот на тимот вештаци од Градежниот факултет при УКИМ се очекува да заврши доказната постапка на Обвинителството по што одбраната треба да почне со изведување на своите докази.

Во пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени. Според обвинението, трагедијата била предизвикана од сериозни пропусти во исполнувањето на безбедносните и противпожарните стандарди во објектот.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img