Продолжен е притворот за Стојанче Јовановски за дополнителни 48 часа по трагедијата во скопската населба Карпош.
Обвинителството продолжува со истрагата и вештачи три мобилни телефони, како и видео снимки од повеќе локации. Се прибира и документација за претходни пријави за семејно насилство поврзани со починатата Ивана Јовановска, која заедно со нејзината ќерка загина по пад од балкон.
Министерство за внатрешни работи спроведува и внатрешна контрола за полициското постапување, бидејќи Ивана претходно пријавила насилство, но подоцна ја повлекла пријавата.








