HomeМакедонијаПроданоски на средба со граѓаните на Прилеп до доцна во ноќта: Фокус...

Проданоски на средба со граѓаните на Прилеп до доцна во ноќта: Фокус на предизвиците и можните решенија

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, одржа приемен ден со граѓаните во попладневните часови, почитувајќи го нивното работно време и овозможувајќи им директно да ги споделат своите предлози, проблеми и идеи.

Средбите со прилепчани траеле до доцна во вечерта, при што се разговарало за различни предизвици со кои се соочуваат граѓаните во секојдневниот живот, како и за можни решенија за нивно надминување.

„Разговорите лице в лице се најдиректниот пат до вистинските решенија за нашиот Прилеп. Затоа непосредната комуникација со граѓаните останува еден од најважните делови од мојата работа“, истакна Проданоски.

Тој посочи дека дијалогот со граѓаните е првиот чекор кон решавање на секој проблем и нагласи дека развојот на градот се гради преку разговор, доверба и заедничка работа.

Од Општина Прилеп велат дека ваквата практика на директни средби со граѓаните ќе продолжи и во иднина, со цел нивните идеи и предлози да бидат слушнати и земени предвид при креирањето на локалните политики.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img