1.8 C
Skopje
2 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаПроданоски најави реконструкција на старскиот дом „Киро Крстески Платник“: Достоинствен дом за...

Проданоски најави реконструкција на старскиот дом „Киро Крстески Платник“: Достоинствен дом за повозрасните прилепчани

- Advertisement -spot_img

Кандидатот за градоначалник на Прилеп, Дејан Проданоски, најави еден од проектите кои, како што вели, имаат најголемо човечко значење – реконструкцијата на старскиот дом „Киро Крстески – Платник“.

Проданоски истакна дека неговата програма се темели на реални и остварливи проекти кои носат подобар живот за сите граѓани, со посебен акцент на повозрасните лица кои, како што нагласи, го изградија градот со својот труд и љубов.

„Нашата програма се темели на реални и остварливи проекти кои носат подобар живот за сите граѓани. Веруваме дека секој човек заслужува грижа и почит, особено нашите повозрасни сограѓани, кои го оставиле својот труд и срце во оваа заедница. Затоа со гордост ја најавувам реконструкцијата на старскиот дом ‘Киро Крстески – Платник’, за да им овозможиме достоинствен, топол и сигурен дом,“ порача Проданоски.

Со овој проект, како што додава, ќе се создадат подобри услови за живот, нега и социјална сигурност на највозрасните сограѓани, со што Прилеп ќе добие современ дом кој ќе биде симбол на човечност и општествена одговорност.

Проданоски ја потенцира својата визија за Прилеп како град кој се грижи за сите генерации, град кој ги вреднува луѓето и вложува во подобра иднина.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img