HomeМакедонијаПроданоски ги најавува првите приемни денови со цел поголема достапност на локалната...

Проданоски ги најавува првите приемни денови со цел поголема достапност на локалната власт

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, го реализираше првиот приемен ден со граѓаните, каде што лично разговараше со голем број прилепчани. На средбите беа изнесени конкретни идеи, предлози и проблеми, за кои локалната самоуправа презеде обврска за навремено и реално решавање.

Проданоски истакна дека ова претставува почеток на нова, поотворена и потранспарентна пракса во функционирањето на Општината, која ќе продолжи и понатаму со исто темпо. Според него, секој глас и секоја иницијатива од граѓаните се значајни за подобрување на квалитетот на живот во Прилеп.

Градоначалникот ги охрабри сите жители кои имаат потреба или желба да предложат идеи за развој на локалната заедница да закажат средба на телефонскиот број 076 22 99 15 и да споделат свои ставови и предлози.

„Заедно градиме подобар Прилеп“, порача Проданоски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img