По повод најголемиот христијански празник – Божиќ, Општина Пробиштип и оваа година организира традиционално собирање на бадникови гранчиња и палење на коледарски оган на месноста Жгури.
За сите заинтересирани граѓани, на 5 јануари (понеделник) со почеток во 10:00 часот, од пред зградата на Општина Пробиштип ќе биде обезбеден бесплатен организиран превоз до месноста Жгури.
Доколку временските услови не дозволат одржување на манифестацијата на Жгури, настанот ќе се реализира на Градскиот пазар во Пробиштип, каде што ќе биде избран и новиот кум кој ќе учествува во организацијата на настанот следната година.







